АЦТ! е македонско консултантско друштво основано во мај 2008 година. Го сочинуваат поединци со големо искуство стекнато со работење во различни области и со бројни донаторски институции. Активностите на АЦТ! се насочени кон поддршка на развојот на јавниот и приватниот сектор во Македонија и регионот, имплементација на проекти преку давање на консултантски услуги во областа на правото и управувањето со проекти, администрирање, промоција и продажба на Електронската база на прописи, пресуди и преводи ПРАКСИС, организирање едукативни настани и издавање стручна литература.

Ние сме тим кој е посветен на испорака на резултати со висок квалитет, добиени преку крајно професионален процес и однос кон клиентите, чии потреби се внимателно оценети и соодветно задоволени.


Партнери

image
Гоце Адамчески

g.adamceski@act.com.mk

Со-основач, управител и правен консултант

Дипломиран на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје (1995-2000), а магистриран на Атинскиот државен универзитет во областа Европски студии (2001).

Подолго од 20 години работи како правен консултант и соработник на приватни компании, како и на голем број проекти на ЕУ, УНДП, УСАИД, ГТЗ и други меѓународни институции и невладини организации.

Неговата специјалност се движи од регулаторните реформи, преку усогласувањето на законодавството до корпоративните и деловни прашања поврзани со инвестирање и водење бизнис во Македонија. Има работено со врвни менаџери и компании од Грција, Република Ирска, Франција, Австрија и Руската Федерација, а бил ангажиран и како краткорочен експерт на ЕУ проекти во Албанија и Украина.

Авторски учествувал во изготвувањето во неколку документи кои биле основ за преземање на коренити реформи во македонскиот правен систем како што се: Националната програма за усогласување на законодавството, извештајот кој послужи како основ за процесот на регулаторна гилотина и оценка на влијанието на правните акти, компаративната студија за функционирањето на Агенцијата за странски директни инвестиции од аспект на промоција на извозот и други.

image
Дарко Јаневски

d.janevski@act.com.mk

Со-основач и правен и проектен консултант

Дарко Јаневски е со-основач и правен и проектен консултант во Друштвото за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје во 2000 година. Во текот на својата 22-годишна професионална кариера обезбедувал правни и аналитички услуги, како и услуги за проектен менаџмент и обуки. Преку бројните краткорочни и долгорочни задачи кои ги имал во рамки на проекти финансирани од различни странски донатори (ЕУ, УСАИД, ЕБРД, УНДП, ГИЗ, ИФЦ, Институт отворено општество, итн.), како и во обезбедување услуги за клиенти од од приватниот сектор, при што стекнал и обезбедил експертиза во следните области: јавни набавки (сертифициран тренер, консултант на бројни договорни органи и економски оператори) и јавно-приватно партнерство, енергетика (енергетски пазари, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност), реформи во јавната администрација и административни процедури (реинженеринг и модернизација на процедурите), е-Влада и е-Трговија, заштита на лични податоци и интелектуална сопственост.

Неговите клучни квалификации се: анализа и изготвување на правни акти, учество во проекти наменети за реформи на јавната администрација и спроведување на обуки. Тој е вклучен како водечки експерт или член во бројни работни групи формирани за изготвување различни делови од легислативата, главно поврзани со транспонирање на законодавството на ЕУ. Тој одржал над 120 обуки и предавања од неговите области на специјалност до различни целни групи, како што се: државни службеници, претставници на бизнис заедницата, студенти и активисти на НВО.

Покрај во Северна Македонија, неговото работно искуство е стекнато и во други земји од Западен Балкан (Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово). Управувал со неколку проекти или проектни компоненти и бил претседател на две невладини организации.

image
Јелена Цветковиќ Икономова

j.cvetkovic@act.com.mk

Kоординатор на проект и бизнис развој

Дипломирала и магистрирала на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Има над 10-годишно работно искуство во менаџирање настани, креирање и реализација на физички и онлајн едукативни настани, а нејзиното искуство вклучува и скрининг и регрутирање консултанти и професионалци, вклучувајќи одржување соработки со домашни клучни експерти во област на реформа на јавната администрација, јавни набавки, управно, трудово право, и други области. Нејзиното работно искуство вклучува работни ангажмани соработувајќи со широка мрежа на државни институции, невладини организации, приватни компании, комори итн., како и воспоставување соработки со различни чинители.

Учествувала во низа проекти како помлад консултант и помошник на главни консултанти за изработка на хоризонтални и вертикални функционални анализи како консултант за проекти за усогласување на правни субјекти со регулативата за заштита на личните податоци на клиенти од приватниот сектор.

Во АЦТ! нејзините работни обврски се од област на заштита на лични податоци, функционални анализи, едукативни настани, идентификација на соработници и консултанти и проектни ангажмани, изработка на проектна и друга документација, дигитален маркетинг, развој на бизнис, креирање и спроведување деловни планови и воспоставување деловни соработки.

image
Дејан Спасиќ

d.spasic@act.com.mk

Aдминистративен соработник

Во АЦТ! ДОО е задолжен за административните, сметководствените и финансиските работи, комуникација со државните институции, како и за разгледување на областите за кои АЦТ! има експертиза и можностите за воспоставување на соработка и проширување на експертизата.

image
Стојанче Младеновски

s.mladenovski@praksis.mk

Проектен менаџер

Дипломирал на Економскиот факултет – Скопје, по што неговото работно искуство го стекнал во неколку приватни фирми во стопанството во Македонија и Србија, а работел и во банкарскот сектор. Бил управувачки директор на некогашна водечка компанија во област на правото во Македонија, менаџирајќи ја и подружницата во Србија, како и вработените, продажбата, книгоиздавателството и организацијата на настани и директно учествувал во раст и развој на компанијата.

Во АЦТ! е ангажиран како проектен менаџер на базата на прописи, преводи и пресуди ПРАКСИС. Неговиот ангажман вклучува работни задачи за комплетно функционирање на продажниот и правниот тим на ПРАКСИС. Негово поле на интерес е продажбата, менаџирањето настани, менаџментот со човечки ресурси, бренд менаџментот и бизнис планирањето.

image
Даниел Кацарски

d.kacarski@praksis.mk

Mенаџер за продажба

Дипломирал на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ и има над 20-годишно работно искуство во приватни фирми во Македонија. Бил менаџер за продажба во некогашна водечка компанија во област на правото во Македонија, остварувајќи успешни резултати во продажбата и позиционирањето на брендот на пазарот. Во неговата работна биографија се вбројува и компјутерска и графичка обработка на стручни пишани изданија. Негово поле на интерес се теми од област на продажба, бренд менаџмент и графички дизајн.

Во АЦТ! е ангажиран како менаџер за продажба на базата на прописи, преводи и пресуди ПРАКСИС, вклучувајќи промоција и презентација на ПРАКСИС на постоечки и потенцијални корисници.

image
Тијана Ангова Хаџиева

t.hadzieva@praksis.mk

Правен консултант

Дипломирала на Правниот факултет "Јустинијан Први" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 2016 година со просечна оценка 9.88, а во 2018 година магистрирала на отсек Kазнено право при истиот универзитет. Во тек на студиите била учесник на бројни работилници, конференции, школи, натпревари, симулации од различни правни области во државата и надвор. Првите практични искуства ги стекнала како практикант во Основниот суд во Струмица и во адвокатска канцеларија во Скопје, во која подоцна, во периодот од 2019 до 2021 работела како и стручен соработник, а потоа и како адвокат.

Во АЦТ! работи како координатор на правниот тим задолжен за одржување на електронскaта база на правни прописи, преводи и пресуди ПРАКСИС и на бројни други проекти од портфолиото на компанијата.

image
Весна Танска

v.tanska@praksis.mk

Правник

Дипломирала на Правниот факултет "Јустинијан Први" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 2019 година, а потоа во 2021 година магистрирала во отсекот Деловно право при истиот универзитет. Во текот на своето образование била активен член на Курсот за практични правни вештини при Правниот Факултет "Јустинијан Први" во Скопје. Нејзиното работно и практично искуство го има добиено како дел од адвокатски канцеларии.

Во АЦТ! ДОО Скопје работи од месец април 2022 година како правник и едитор на базата на електронски прописи, преводи и пресуди ПРАКСИС.

image
Софија Христовска

s.hristovska@praksis.mk

Aсистент координатор на проект

Дипломирала на Правниот факултет "Јустинијан Први" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 2019 година, а потоа во 2021 година магистрирала во отсекот казнено право при истиот универзитет. Во текот на своето образование била активен член на повеќе студентски здруженија, меѓу кои и European Law Students Association – ELSA North Macedonia каде што во периодот помеѓу 2020 и 2021 година беше дел и од управниот одбор како директор за институционални посети. Има посетувано обуки, семинари и конференции во разни области од нејзин професионален интерес и била дел од Правната клиника наменета за ранливи категории лица на факултетот "Јустинијан Први". Има завршено обуки по дебата и јавно говорење и била дел од натпревари и симулации кои се одржувале на Правниот факултет. Нејзиното практично искуство го има добиено како дел од неколку невладини организации, а извршувала и практична работа во адвокатска канцеларија и Основен Суд I.

image
Самир Латиф

s.latif@praksis.mk

Mенаџер на АЦТ! подружница

Има повеќе од 31-годишно искуство во реформите на деловното опкружување, право на трговски друштва, менаџментот и градењето на капацитетите на јавниот/приватниот сектор во Македонија. Во изминатите повеќе од 28 години, тој работеи на прогресивно високи позиции на различни проекти на УСАИД кои се занимаваат со деловни, економски, енергетски, правни и финансиски прашања. Тој е директно вклучен во процесите кои доведоа до реформи и прогресивни промени во законодавната и институционалната рамка во Македонија.

Во АЦТ! е менаџер на АЦТ! подружница за имплементација на донаторски проекти.

image
Ирена Миновска Предовиќ

i.predovic@praksis.mk

Финансиски и административен специјалист во АЦТ! подружница

Има повеќе од 20-годишно прогресивно искуство во оперативен менаџмент, човечки ресурси и административно и канцелариско управување во рамки на проекти на УСАИД. Нејзината работна биографија вклучува бројни ангажмани од област на финансии, сметководство, администрација и човечки ресурси.

image
Марија Игнатова Ѓошева

m.gjosheva@praksis.mk

Правен советник за енергетика и општи прашања

Поседува правно искуство и значајно искуство од речиси 25-годишно работење како правник на различни правни реформи поддржани од УСАИД во јавниот и приватниот сектор. Има драгоцено искуство кое вклучува драфтирање на многу закони со цел овозможување поволно деловно опкрушување во многу области, како и правни анализи и документи за политики. Во изминатите 9 години работи на проекти поврзани со реформи во енергетскиот сектор, вклучително и развој на енергетското законодавство и усогласеност со правото на ЕУ, финансирани од УСАИД.

Надворешни соработници

image
Хекуран Реџепи

h.rexepi@praksis.mk

Едитор на www.praksis.mk

Дипломирал на Правниот факултет на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово во 2015 година, а магистерските студи ги започнал во учебната 2015/2016 година на Правниот факултет ,,Јустинијан Први’’ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на отсекот казнено право, а магистрирал во 2019 година.

Во текот на своето образование и по завршување на своето образование бил активен во повеќе проекти и тоа: проектот на USAID – учество на активности од областа на заштита на човекови права во период јануари/февруари 2017 година; учество во проектот со Македонско здружение на млади правници и Амбасада на Кралството на Холандија – Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија во период октомври/декември 2018 година; практиканска програма одржана во Основниот суд – Тетово во 2013 година и 2018 година; набљудувач на кривичните постапки во насока на подобрување и идентификување на неправилностите при кривичната постапкa во судовите во РСМ при проектот на Коалиција сите за правично судење и Мисија на ОБСЕ - Скопје – Подршка на судската и кривично правната реформа во период 2018/2019 година; практиканство во канцеларијата на Народен правобранител – Тетово во 2017 година; ангажман на проектот за мониторирање и мерење на перформансите на судовите во РСМ во својство на теренски истражувач во сооработка со Центарот за правни истражувања и анализи и Амбасадата на Велика Британија – Подобрување на квалитетот на правдата во Република Северна Македонија преку градење на капацитети за судии и мониторирање на судски реформи во 2017 година и 2018 година.

Посетувал обуки, семинари и конференци во разни области од негов професионален интерес како што се обуки во врска со бегалци и мигранти, заштита на човековите права и поседува сертификат за офицер за заштита на личните податоци од Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.

Од 2019 година е вработен во правниот сектор во КИППЕР МАРКЕТ, а почнувајќи од август 2021 година е раководител на Правниот сектор во КИППЕР МАРКЕТ.

Во АЦТ! ДОО Скопје е ангажиран како надворешен соработник за превод и консолидирање на правните прописи на албански јазик за потребите на електронската база на прописи, преводи и пресуди ПРАКСИС.

image
Славе Ивановски

s.ivanovski@praksis.mk

Консултант

е експерт со повеќе од 35-годишно искуство во изготвување закони во Македонија од кои 15 години конкретно работи на изготвување закони поврзани со енергетиката, рударството, концесиите и јавните услуги. Во АЦТ! е долгодишен надворешен соработник ангажиран на проекти од област на енергетиката.

Тој е поранешен претседател на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија. Г-динот Ивановски има искуство и во други земји како Нигерија (2016), Либан (2016), Албанија (2017), Косово (моментално) и работи на меѓународни проекти во Источна Европа и Централна Азија, (2010-2011). Тој бил претседател на Регулаторниот одбор на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board - ECRB) во периодот 2007-2008 и член на Президиумот на Регионалната асоцијација на енергетските регулатори (Energy Regulator’s Regional Association – ЕRRA) во периодот 2007-2008. Г-динот Ивановски бил ангажиран како правен експерт од УСАИД Македонија да ги изготви последните два закони за енергетика во Република Северна Македонија (законот од 2011 и од 2018 година) во согласност со барањата на вториот и третиот законодавен пакет на ЕУ за енергетика.

image
Александар Дединец

a.dedinec@praksis.mk

Консултант

докторирал на ФЕИТ во Скопје и работи како научен соработник во Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ и е долгогодишен надворешен соработник на АЦТ! ДОО Скопје. Работи повеќе од 13 години како експерт во област на енергетика, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и климатски промени. Учествувал во имплементација на повеќе од 70 проекти поврзани со енергетски стратегии, закони и подзаконски акти поврзани со енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и климатски промени кои биле финансирани и/или имплементирани од реномирани организации, како: УСАИД, УНДП, PwC, EnC, Hrvoje Požar, итн. Меѓу другото, бил член на експертскиот тим кој го подготвуваше актуелниот Закон за енергетика и бројни подзаконски акти кои произлегуваат од овој закон; Автор или ко-автор е на 44 трудови од област на енергетски одржлив развој од кои 14 се објавени во врвни светски списанија со импакт фактор. Како презентер учествувал на повеќе од 80 работилници во Македонија и странство. Александар Дединец има искуство во компјутерски науки, роботика и автоматизација. Докторирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје (04.2018)

image
Лаура Бајрами

l.bajrami@praksis.mk

Едитор на www.praksis.mk

Дипломирала на Правниот факултет Кичево при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во 2017 година, а потоа во 2019 година магистрирала во отсекот граѓанско право при истиот универзитет. Во текот на 2020 го положила и правосудниот испит. Истата работи како адвокатски стручен соработник во Адвокатскa канцеларија Стојкоски & Кјатоски Струга. Има посетувано обуки, семинари и конференции во разни области од нејзин професионален интерес и била дел од Македонско здружение на млади правници во рамки на проектот „Поддршка за обезбедување на социјална заштита за семејства во социјален ризик и зајакнување на соработката помеѓу социјалните работници и локалните невладини организации. Нејзиното практично искуство го има добиено како дел од неколку невладини организации, а извршувала и практична работа во адвокатска канцеларија почнувајќи од 2017 година.

Како надворешен соработник на Друштвото за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје задолжена е за превод на правни акти на албански јазик за потребите на електронската база на правни прописи, преводи и пресуди ПРАКСИС.

image
Анастазија Велкова

a.velkova@praksis.mk

Едитор на www.praksis.mk

Дипломирала на Правниот факултет ,,Јустинијан Први’’ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 2020 година и моментално работи на својата магистерска теза од областа на арбитражата во одделот за Меѓународно право и односи и право на ЕУ при истиот универзитет.

Во текот на своето образование има учествувано на разни обуки и школи надвор од редовните студии меѓу кои и Академија за деловно право, Летна школа: Бегалски права и миграција, ЕУ Академија, Академија за човекови права како и Зимска школа за меѓународно приватно и јавно право во организација на Хашката академија за меѓународно право.

Нејзиното практично искуство се состои од практикантска работа во адвокатска канцеларија, Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и во Министерството за животна средина и просторно планирање. Моментално работи како приправник кај Адвокат Кристина Крагујевска и е дел од правниот тим на Школата за дизајн, уметност и технологија „SKALA SCHOOL“.

Во АЦТ! ДОО Скопје е ангажирана како едитор на електронската база на прописи, пресуди и преводи ПРАКСИС.

image
Наташа Пеевска

n.peevska@praksis.mk

Преведувач

Дипломиран преведувач од англиски и германски на македонски јазик и обратно и Дипломиран професор по англиски јазик и литература со германски и постојан судски преведувач.

Во областа на преводот има искуство од над 10 години во кои има работено на мноштво видови превод, како технички така и уметнички, а вклучена е и во тимот преведувачи кои работат на преводот на правните акти на Европската Унија.

Developed By: