АЦТ! ги фокусира своето работење и ресурси во следниве три области:

1. ЕНЕРГЕТИКА

Работењето на АЦТ! во енергетскиот сектор датира од нејзиното основање преку обезбедување правни и административни услуги на приватна компанија која работи во енергетскиот сектор; подоцна АЦТ! ги прошири своите услуги во рамките на два краткорочни ангажмани финансирани од донатори. Пробивот се случи во 2015 година кога AЦТ! беше ангажиран од Winrock International за спроведување на бројни активности во рамките на Проектот за инвестирање во чиста енергија, финансиран од УСАИД, чија цел беше развој на проекти и инвестиции за обновливи извори на енергија и воспоставување процеси за планирање на развој на ниски емисии на стакленички гасови во Македонија. Оттогаш, АЦТ! континуирано е ангажиран и вклучен во проектите поврзани со енергетиката финансирани од УСАИД и имплементирани во Македонија и во регионот.

Преку овие проекти, АЦТ! ги поддржува државните институции во остварување на нивните цели во енергетскиот сектор преку креирање на политики и правна рамка усогласени со барањата на Енергетската заедница и градењето капацитети на клучните институции за унапредување на развојот на енергетскиот пазар и регионалната интеграција. Со реализирањето на овие проекти, АЦТ! стекна искуство и ги зајакна своите капацитети за имплементација на проекти финансирани од донатори во енергетскиот сектор, почнувајќи од краткорочни ангажмани на индивидуални експерти и преминувајќи кон сеопфатни и сложени проекти со голема вредност. Истовремено, АЦТ! има воспоставена блиска, успешна соработка и силно партнерство со некои од најреномираните имплементатори на донаторски проекти и јавни институции одговорни за креирање или спроведување на националните енергетски политики. Паралелно, бројни експерти на АЦТ! и блиски надворешни соработници се поединечно ангажирани да извршуваат задачи во рамки на многу други проекти финансирани од донатори во енергетскиот сектор.

Дополнително, АЦТ! им помага на приватните инвеститори во различни инвестициски проекти и активности поврзани со енергетиката, и тоа преку:

  • Иницирање и водење низ административни процедури за добивање статус на стратешки инвеститор
  • Иницирање и водење низ процедури за добивање статус и работење како повластен производител на електрична енергија од обновливи извори
  • Учество на тендери за добивање статус на приватен партнер на општините во реконструкција и одржување на јавното осветлување (ЕСКО модел)

Во продолжение се некои од неодамнешните позначајни спроведени активности и/или остварени резултати од АЦТ!:

  • Изработен е Законот за енергетика на Република Северна Македонија од 2018 година и неговите измени од 2019 и 2022 година, целосно усогласени со Третиот енергетски пакет на Европската Унија и барањата на Енергетската заедница.
  • Во периодот 2018-2022 година изготвени се околу 50 подзаконски акти и/или измени на подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за енергетика од 2018 година.
  • Поддржани се процесите за сертификација на електропреносниот систем оператор (МЕПСО), спојување на НЕР и ГА-МА и назначување на номинираниот оператор на пазарот на електрична енергија.
  • Подготвено тендерско досие и/или обезбедена поддршка во спроведување на тендерите за избор на универзален снабдувач со електрична енергија, купувач на електрилчна енергија во краен случај и за доделување премии во Република Северна Македонија и подготовка на првиот тендер за доделување гарантирана продажна цена во Република Косово.
  • Изработен Патоказ за поедноставување на инвестицискиот процес во обновливи извори на енергија, што овозможи да се намали времетраењето на инвестициските процедури од 36 на 24 месеци.
  • Спроведена анализа за видовите премии и цени за снабдување со универзална услуга за електрична енергија, студии за гаранции за потекло и енергетскиот биланс, како и изготвени водичи за изработка на тендери за премии и за инвестиции во различни технологии за обновливи извори на енергија.


2. ЈАВНИ НАБАВКИ И ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО

АЦТ! како компанија и експертите на АЦТ! како индивидуални експерти се континуирано вклучени во областа на јавните набавки јавно-приватно партнерство (ЈПП) во најразлични својства и форми. Преку ангажмани на донаторски проекти или консултации на клиенти од јавниот и приватниот сектор или активности преземени за сопствени потреби, експертизата на АЦТ! во оваа област опфаќа:

  • Пишување прописи во областа на јавните набавки
  • Составување тендерски документации, технички спецификации и модел дoговори за конкретни постапки за јавни набавки и ЈПП
  • Помош во преземање на сите дејствија во постапките за јавна набавка и ЈПП, вклучително и за користење на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН)
  • Помош во составување понуди и жалби на економски оператори и во целокупната комуникација со договорите органи
  • Спроведување анализи на примена на националното законодавство и компаративни анализи со препораки за подобрување
  • Изработка на физибилити студии за оправданост од воспоставување ЈПП
  • Спроведување обуки и советувања, вклучително и практични обуки на работно место

Позначајни активности и испораки на АЦТ и / или на нејзините експерти во областа на јавните набавки и ЈПП се:

  • Одржани преку 100 обуки и советувања од страна на сертифицирани обучувачи за јавни набавки
  • Учество во пишувањето на дел од измените и дополнувањата на претходните национални закони за јавни набавки и на подзаконските акти за ЕСЈН;
  • Учество во креирањето, воспоставувањето, имплементацијата и надградбите на ЕСЈН и во составувањето на прирачниците за негово користење,
  • Изработен преглед на неодамнешните значајни случаи на Судот на правдата на Европската Унија поврзани со јавни набавки кој е претставен на начин да биде лесно употреблив како поддршка на материјалите за обуки и сертификација на службениците за јавни набавки во Босна и Херцеговина
  • Консултантска помош во целиот процес на воспоставување ЈПП за изградба и стопанисување со две фотонапонски електроцентрали во РЕК Осломеј, од изработка на физибилити студија преку составување тендерска документација и одговарање на прашања до склучување на договорот за воспоставување на ЈПП


3. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

АЦТ! и нејзините експерти се вклучени во обезбедување консултантски услуги во областа на заштита на личните податоци набрзо по воспоставувањето на првата сеопфатна национална правна рамка за заштита на лични податоци усогласена со регулативата на ЕУ. Услугите кои АЦТ! ги обезбедува во областа на заштита на личните податоци се прилагодени на клиенти и досега овие услуги ги користеа субјекти кои вршат различни дејности како што се: маркетинг агенции, агенции за посредување при вработување, нотарски и адвокатски канцеларии, туристичко-угостителска дејност, енергетски компании, итн.


Преку обезбедените услуги, сите субјекти воспоставија систем со технички и организациски мерки за тајност и заштита на личните податоци при нивната обработка. Дополнително, АЦТ! им дава совети на овие субјекти пред преземање на конкретни дејствија со кои вршат обработка на лични податоци за специфични цели, а во насока на нивна усогласеност со прописите.



Еспертизата и услугите на АЦТ! во оваа област вклучуваат:

  • Скрининг на правниот субјект за степенот на усогласеност со регулативата за заштита на личните податоци
  • Изработка на гап анализа за усогласеност со законските обврски за заштита на лични податоци
  • Помош во изработка на интерни акти и процедури за воспоставување на систем за заштита на личните податоци, технички и организациски мерки усогласени со Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти
  • Помош на офицерите за заштита на лични податоци во вршење на периодични контроли на почитување на прописите за заштита на личните податоци кај контролорите и
  • Обезбедување надворешно лице како офицер за заштита на личните податоци.

4. РЕФОРМА НА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

АЦТ! и нејзините експерти се вклучени во реформата на јавната администрација преку учество во спроведување на проекти финансирани од донатори. Покрај тоа, АЦТ! активно учествува во работните групи формирани за изготвување различни прописи, стратегии и акциски планови за државни органи или за конкретни области и/или за спроведување на проекти кои имаат за цел да ги поедностават административните процедури и да воведат едношалтерски систем.



Преку ангажмани на донаторски проекти експертизата на АЦТ! во оваа област ги опфаќа следните под-области:



4.1. АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Позначајни активности и испораки на АЦТ и / или на нејзините експерти во оваа област се:

  • Обезбедена поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација за подобрување на националниот систем за координација на обуки и имплементација на правната рамка за јавната администрација
  • Спроведена сеопфатна анализа на постоечки механизми за осигурување на имплементацијата на правните акти за административните службеници и вработените во јавниот сектор
  • Поддршка во комплетирањето на правната рамка за административните службеници и вработените во јавниот сектор преку драфтирање дел од подзаконски акти на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор
  • Изработед водич за прописите за јавна администрација во кој нционалната правна рамка за јавна администрација е презентирана на структуриран и лесен начин за користење
  • Организирање на едукативни настани (обуки и советувања) за примена на прописите за административни службеници

4.2. ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

Експертизата и услугите на АЦТ! и нејзините експерти во областа на инспекцискиот надзор вклучуваат:

  • Спроведување на функционални анализи на инспекциските служби во Македонија, како и длабинска правна, институционална и регулаторна анализа на одредени аспекти од законодавството поврзано со инспекцискиот систем, вклучувајќи и компаративна анализа
  • СУчество во работна група за подготовка на важечкиот Закон за инспекциски надзор и други закони од значење за инспекциските органи
  • ПИзработка на листи за проверка за преку 40 закони засновани на претходно изработени упатства за креирање на листи за проверка и обрасци
  • Разгледување и давање предлози за усогласување на прекршочните одредби на посебните закони со новиот Закон за прекршоци
  • Помош во спроведувањето на анализа на софтверите што го користат инспекциските органи и подготовка на дизајн за сеопфатно софтверско решение за е-инспектор

4.3. УПРАВНИ ПОСТАПКИ

Во областа на управните постапки, АЦТ! и нејзините експерти се вклучени преку ангажмани на донаторски проекти и активности во област на едукација и издаваштво.Позначајни активности и испораки на АЦТ! во оваа област се:

  • Правни анализи, наоди и препораки од област на управните постапки
  • Ре-инжинеринг на постоечките административни постапки
  • Помош во спроведување управни постапки на субјекти од јавниот и приватен сектор
  • Изработка на различни законски и подзаконски акти во кои се регулираат управни постапки и работење во електронска средина, вклучувајќи ги и прописите за електронски потписи и интероперабилност
  • Издавање на стручна литература
  • Организирање на едукативни настани (обуки и советувања) за имплементација на прописите од област на управното право

4.4. ФУНКЦИОНАЛНИ АНАЛИЗИ

Портфолијата на АЦТ! и нејзините експерти вклучуваат спроведување на функционални анализи, а како позначајни се издвојуваат:

  • Поддршка за подготовка на нова методологија за функционална анализа и подготовка на плановите за подобрување
  • Спроведување на функционални анализи врз основа на новата методологија и подготовка на планови за подобрување на Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за надворешни работи, Секретаријат за законодавство и повеќе инспекциски служби
  • Спроведување на обуки за службеници кои ќе ја имплементираат методологијата за функционална анализа

Во рамки на обврските за институциите од јавниот сектор за подготовка на актите за внатрешна организација и систематизација врз основа на наодите и препораките од функционалната анализа, тимот на АЦТ! врши спроведува функционални анализи во согласност со подзаконските акти кои ја регулираат оваа материја и вклучуваат:

  • Изработка на акциски план за спроведување на функционална анализа
  • Собирање и анализа на документи
  • Преглед на организацијата и пополнетост на работните места
  • Изработка и пополнување на матрица со преглед на надлежности
  • Спроведување активности поврзани со пополнување прашалник за самооценка и интервјуа на вработените и
  • Анализа на податоците и документи и изработка на извештај за спроведена функционална анализа.

Покрај функционални анализи, АЦТ! обезбедува и други услуги за помош во процесот на промена на внатрешната организациска структура и процедури како што се изработка на актите за внатрешна организација и систематизација на работни места, како и примена на алатки за управување со квалитет како што се CAF (заедничка рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба) и испитување на задоволството на клиентите.


4.5. Е-ВЛАДА

АЦТ! и нејзините експерти биле вклучени во имплементација на донаторски проекти кои опфаќаат различни сегменти од областа е-Влада (е-набавки, е-потпис, е-податоци, е-фактурирање, итн.).



Позначајни активности и услуги во домашното и регионално опкружување од оваа област се:

  • Изработка на технички спецификации и акциски планови за развој и имплементација на услуги за е-Влада
  • Анализа на релевантното законодавство
  • Ре-инжинеринг на постоечките бизнис процеси и административни постапки
  • Придонес во изработката на националната Стратегија за развој на е-Влада 2010-2012
  • Изработка на различни законски и подзаконски акти во кои се регулираат управни постапки и работење во електронска средина, вклучувајќи ги и прописите за електронски потписи и интероперабилност
  • Корисничка поддршка и обезбедување друга експертиза за прашања поврзани со е-Влада (авторски права, заштита на лични податоци и пристап до информации) во области каде што се воведени услуги на е-Влада како што се: јавни набавки, увозно-извозни постапки, вработувања, ЕНЕР, итн.

За прашања и понуди во врска со областите на експертиза и услугите кои ги нудиме, пишете ни на info@act.com.mk