ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА АКТУЕЛНОСТИ ВО ТРУДОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО И ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

На 05.10.2018 год. АЦТ! ДОО Скопје организираше и одржа советување на тема „Последните измени на Законот за работните односи, годишните одмори во приватниот и јавниот сектор, платени и неплатени отсуства и искуства од примената на Законот за работните односи низ призма на судската пракса и Државниот инспекторат за труд“.

Советување ги спојува нормативните аспекти, судската и инспекциската пракса во врска со примена на Законот за работните односи. На ова советување се предвидени следните теми: - практичен осврт на последните измени и дополнувања на Законот за работните односи (Службен весник на Република Македонија, бр.120/18); - годишните одмори во приватниот и јавниот сектор и платени и неплатени отсуства и осврт на актуелните прашања и проблеми од оваа област; - споделување на искуствата од примената на Законот за работните односи низ призма на работата на Државниот инспекторат за труд (ДИТ) со насоки за подобра подготвеност на субјектите за инспекциски надзор осврнувајќи се на елементите на инспекцискиот надзор од областа на трудот; - измените на Законот за работните односи од аспект на ДИТ; - практичен осврт на прекршочната постапка од аспект на искуствата на ДИТ и најчестите пропусти утврдени при инспекциски надзор; - искуства од судската пракса од примена на Законот за работните односи со акцент на престанокот на работниот однос и надомест на штета од работен однос и  - проблеми, пропусти и грешки во примената на Законот согледани низ судската пракса

Предавачи на советувањето беа:  д-р Зоран Михајлоски, адвокат, поранешен судија на Апелационен суд – Скопје, вонреден професор по трудово право на Американ колеџ – Скопје и автор на повеќе стручни и научни трудови од областа на трудовото право, Злате Стојановски, раководител на Одделение за инспекциски надзор од област на труд при Државен инспекторат за труд и Стојан Трајанов, поранешен државен советник за труд со богато нормативно искуство во областа на работните односи и трудовото законодавство и автор на најновиот „Коментар на Законот за работните односи“.

Предавачите на ова советување детално ги објаснија овие прашања, презентирајќи практично применливи одговори на дилемите кои ги имаат лицата кои работат во правните служби, службите за човечки ресурси, кабинетите на работоводните органи, како и лицата кои секојдневно се среќаваат и ги применуваат поголемиот дел од овие одредби, додека пак, учесниците благодаредние на своите прашања отворија и други теми на ова советување, што допринесе за исклучително интересни дискусии и размена на мислења.

Developed By: