Славиме 15 години!

Со голема радост објавуваме дека нашата компанија АЦТ! ДОО Скопје го прославува својот 15-годишен јубилеј.


Основана во април 2008 година, АЦТ! е компанија со почетна визија за развој и иновации во областа на правниот консалтинг преку стимулација на напредно креативно размислување Advance Creative Thinking! Денес, со гордост можеме да кажеме дека ја остваривме таа визија. Со нашите услуги обезбедуваме правен консалтинг за приватниот и јавниот сектор, организираме едукативни настани, објавуваме стручни публикации и го обезбедуваме правото на дланка преку електронската база на прописи, преводи и пресуди ПРАКСИС.


Во текот на овие 15 години еден од најважните фактори за успешниот раст и развој на нашата компанија беа нашите вработени и надворешните соработници. Ние веруваме дека луѓето се најважниот ресурс на нашата компанија, и дека нивната посветеност, професионалност и континуираното усовршување значајно допринесоа за нашиот успех. Се обраќаме до нив и им благодариме што несебично придонесоа за компанискиот развој.


Сакаме да им се заблагодариме и на сите клиенти и партнери кои се дел од нашето досегашно патување. Без нивната поддршка, немаше да успееме да го оствариме сето она што го постигнавме.


Со голема радост го прославуваме нашиот 15-годишен јубилеј и остануваме посветени на нашите клиенти и поставените цели и ѝ се радуваме на иднината во која заедно ќе продолжиме со напредното креативно размислување - Advance Creative Thinking!


Дарко Јаневски и Гоце Адамчески, основачи на АЦТ! ДОО Скопје


Developed By: