ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА НАЈВАЖНИТЕ ПРОМЕНИ ШТО ГИ НОСИ НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

На 11.04.2019 год. во организација на АЦТ! во хотел Kвинс беше одржано уште едно советување наменето за договорните органи на тема „Спецификите на новиот Закон за јавните набавки и насоки за негова правилна примена“. Над 80 претставници на договорните органи имаа можност да се запознаат со новините и подобрувањата на целокупниот систем за јавни набавки во чекор со европската регулатива, добијат одговори, разменат мислењa и дискусија со лица вклучени во процесот на изготвување на новиот Закон за јавни набавки и подетално да се запознаат со новите алатките што ги нуди Електронскиот систем за јавни набавки.

Поконкретните теми на советувањето беа:

  • Измени во опфатот, дефинициите и правилата за јавни набавки во класичниот јавен сектор и во секторските дејности
  • Нови вредносни прагови и нови правила и постапки за доделување на договорите за јавни набавки
  • Новини кај критериумите за квалитативен избор на економските оператори и докажувањето на способноста
  • Критериуми за избор на најповолна понуда
  • Зголемена транспарентност: заштита на податоци, увид во понудите на конкурентите/понудувачи, објава на договорите за јавни набавки
  • Задолжителна објава на Плановите за јавни набавки на ЕСЈН – нова алатка е-План
  • Концепт на е-Пазар и набавки од мала вредност и можности за користење на е-каталози
  • Имплементација на е-Жалба и новини во жалбената постапка
  • Новата управна контрола

Советувањето го карактеризираше високо интерактивно ниво со дискусии и примери за тоа што нѐ очекува со новиот Закон за јавните набавки. На ова советување учесниците имаа можност да бидат запознаени со најважните измени како во регулативата, така и на ЕСЈН и да ги чујат објаснувањата за потребата од нивното воведување од лицата вклучени во процесот на подготовка на новиот Закон за јавни набавки, долгогодишни експерти во област на јавните набавки, и тоа:

  • м-р Горан Давидовски - Помошник раководител на сектор за следење на системот за јавни набавки и управување со ЕСЈН во Бирото за јавни набавки и 
  • м-р Марија Јованоска - Раководител на сектор за следење на системот за јавни набавки и управување со ЕСЈН во Бирото за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифициран обучувач 

Developed By: