ОДРЖАНО УШТЕ ЕДНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

На 20.02.2019 год. во организација на АЦТ! во хотел Квинс беше одржано уште едно советување наменето за договорните органи на тема „Спецификите на новиот Закон за јавните набавки и насоки за негова правилна примена“. Над 100 претставници на договорните органи имаа можност да се запознаат со новините и подобрувањата на целокупниот систем за јавни набавки во чекор со европската регулатива, добијат одговори, разменат мислењa и дискусија со лица вклучени во процесот на изготвување на новиот Закон за јавни набавки и подетално да се запознаат со новите алатките што ги нуди Електронскиот систем за јавни набавки.

Советувањето го карактеризираше високо интерактивно ниво со дискусии и примери за тоа што нѐ очекува со новиот Закон за јавните набавки. На ова советување учесниците имаа можност да бидат запознаени со најважните измени како во регулативата, така и на ЕСЈН и да ги чујат објаснувањата за потребата од нивното воведување од лицата вклучени во процесот на подготовка на новиот Закон за јавни набавки, долгогодишни експерти во област на јавните набавки, и тоа:

  • м-р Горан ДАВИДОВСКИ - Помошник раководител на сектор за следење на системот за јавни набавки и управување со ЕСЈН во Бирото за јавни набавки 
  • м-р Александар АРГИРОВСКИ - државен советник во Бирото за јавни набавки 

Developed By: