ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ОД ОБЛАСТ НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

На 22.11.2018 год. АЦТ! одржа еднодневно практично советување на тема „Подобрување на имплементација на законските надлежности од областа на животната средина“ во хотел Квинс, Скопје.

Направената проценка на надлежностите за спроведување на законодавството за животна средина со посебен осврт на Законот за животна средина и Законот за води и препораките кои кои беа презентирани на ова советување имаа за цел на единиците на локална самоуправа и другите учесници и засегнати лица да им дадат ориентација и мапа во однос на извршување на постојните законски обврски. Самото советување беше концепирано така што ќе одговори токму на предизвиците при спроведувањето на споменатата законска регулатива, а понуди и практични примери и насоки за подобрување на имплементацијата на законските и подаконските акти од област на животната средина.

Клучните цели на ова советување беа: - преглед и анализа на правните акти и описот на надлежности на единиците на локалната самоуправа; - преглед на законските акти кои предвидуваат обврски за општините за заштита на животната средина; - презентација на направената анализа на законската основа од релевантните закони според кои општините треба да донесат правни акти за имплементација на законодавството за животна средина и - врз основа на проценката и анализа на правните акти беше предложена приоритетна листа на правни акти кои треба да бидат изготвени, а се важни за имплементација на законодавството за животна средина на локално ниво.

Предавачи на советувањето беа Билјана Тешева Ѓоргиевска, раководител на сектор за правни и општи работи во Министерство за животна средина и просторно планирање на Р.М., дипломиран правник со долгодишно искуство во областа на животната средина и Тања Пауновска, раководител на Одделение за соработка со локална самуправа во Министерство за животна средина и просторно планирање на Р.М., дипломиран правник со долгодишно искуство во областа на животната средина.

Покрај презентациите од стручни и компетентни предавачи, предвидено беше и време за прашања, одговори и дискусија со цел учесниците да ги надминат дилемите со кои се соочуваат при примена на прописите од област на животната средина.

Developed By: