ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ОЧЕКУВАНИТЕ ВЛИЈАНИЈА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

Во организација на АЦТ! на 03.11.2018 год. беше одржано уште едно советување од областа на јавните набавки на тема „Јавни набавки - детална презентација на новините во нацрт законот и како измените ќе придонесат за надминување на актуелните прашања, дилеми и предизвици?“.

Предавачот со долгогодишно искуство во областа и директен учесник во изработка на новиот Закон за јавните набавки, м-р Горан Давидовски, ги презентирање новините предвидени со новиот закон и даде осврт на начинот на кој измените ќе ги изменат постапките за јавни набавки, како за договорните, така и за економските оператори.

Учесниците на ова советување имаа можност: - да ги увидат новините и измените во новиот Закон за јавни набавки преку детална презентација на истите и објаснување за причините за измените и подобрувањата ви регулативата  - добија единствена можност за размена на мислење и дискусија со лице вклучено во процесот на изготвување на новиот закон за јавни набавки  - да ги увидат предностите на електронските постапки за јавни набавки и да добијат насоки на што да внимаваат.  - подетално и изворно да се запознаваат со новите алатките што ги нуди Електронскиот систем за јавни набавки,  - добија одговори на прашања и проблеми со кои се соочуваат во секојдневното спроведување/учество на јавните набавки и  - проследија детално објаснување на сите новини на ЕСЈН кои задолжително ќе се користат од 2019 година.

Developed By: