ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

На 29.05.2018 год. во хотел Квинс беше одржано советување на тема „Примена на Законот за градежно земјиште: Осврт напроблеми кои произлегуваат од праксата, насоки за правилна примена на законот и поврзаноста со други закони кои се применуваат при спроведување на постапките со практични примери и упатства за водење на постапките преку новиот информациски систем“.

Предавачи на советувањето беа Анета Јорданова и Дејан Митески, а со советувањето модерираше Димитар Димовски, кои благодарение на своето искуство во областите на темите кои се во фокус на советувањето, дадоа практични примери и упатства кои се однесуваат на Законот за градежно земјиште (правата на градежно земјиште согласно законските прописи во Р. Македонија). Вториот дел од советувањето беше посветен на начин и насоки за користење на новиот информациски систем за градежно земјиште (отпочнување на постапка за отуѓување и давање по закуп на градежно земјиште по пат на јавно наддавање, начин на регистрација, поднесување на барање со непосредна спогодба, поднесување на пријава за учество на јавно наддавање, водење на постапките од страна на сите надлежните органи вклучени во постапката и практични примери и случаи кои најчесто се појавуваат како постапки согласно Законот за градежно земјиште). Третиот дел од советувањето во фокус ги имаше актуелностите кои произлегуваат од примена на други закони во постапките за отуѓување на градежно земјиште (Закон за општата управна постапка, Закон за катастар на недвижности, Закон за просторно и урбанистичко планирање, Закон за сопственост и други стварни права, Закон за облигациони односи, Закон за нотаријат, Закон за државно правобранителство, итн.).

Плодотворните дискусии, прашањата од учесниците и одговорите кои ги дадоа предавачите допринесоа и ова советување да има своја дополнителна вредност, а во насока на стекнување на нови знаења и правилна примена на прописите во понатамошното работење.

Developed By: