ОДРЖАНО СПЕЦИЈАЛИЗИРАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРОПИСИТЕ ЗА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СЕКТОР

На 11.04.2018 год. беше одржано специјализирано советување на тема „Дилеми и правилна примена на прописите за јавна администрација во здравствениот сектор“ во хотел Квинс, Т.Ц. Зебра, Скопје.

Во фокусот на советувањето беше презентирањето на практични совети, насоки, препораки и размена на искуства за тоа како поефикасно да се имплементираат Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за здравствена заштита и др. закони oд кои произлегуваат постапките за донесување на статутите на здравствените установи и постапката за донесување на актите за систематизација на здравствените установи. Првиот дел од советувањето беше посветен на функционалната анализа со осврт на начинот на спроведување, содржината и извештајот. Вториот дел беше посветен на усогласување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места со посебен осврт на барањата од релевантните прописи кои во пракса честопати погрешно се применуваат, како и начинот на користење на Каталогот на работни места и Фраскатиева класификација. Третиот дел од советување во фокус ги имаше начинот на усогласување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места согласно Статут и согласно Правилникот за делокругот на работата на внатрешните организациони единици и минималниот број извршители по внатрешни организациони единици во здравствени установи и специфичностите при креирање акти за систематизација во одредени сектори и видот на дејноста што ја врши здравствената установа.

Предавачи на советувањето беа Нури Љамалари, раководител на Секторза управување со човечки ресурси во Министерството за здравство на Р.М. и Раметула Сефа, советник во Одделението за управување со човечки ресурси во Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Имајќи го во предвид практичниот и интерактивен пристап на ова советување, пријавените учесници подготвија поголем број на прашања и примери од пракса кои беа разгледани и објаснети на самото советување.

Developed By: