ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ, ПРАВО НА ГРАДЕЊЕ И ЗАКОН ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

Советувањето одржано на 23.02.2018 година во хотел Квинс на тема „Новини во Законот за постапување со бесправно изградени објекти, право на градење и Закон за градежно земјиште со посебен осврт на постапките за располагање со градежно земјиште сопственост на Република Македонија – практични примери и упатства за водење на постапките преку новиот информациски систем“ предизвика огромен интерес и беше проследено од повеќе од 90 учесници.

Предавачи на советувањето беа Анета Јорданова и Дејан Митески, а со советувањето модерираше Димитар Димовски. Благодарение на стручноста на предавачите во областите кои беа во фокус на ова советување, како и концизноста во објаснувањата во првиот дел се презентираа практични примери и упатства кои се однесуваат на Законот за градежно земјиште. Вториот дел од советувањето беше посветен на начин и насоки за користење на новиот информациски систем за градежно земјиште (начин на регистрација, поднесување на барање со непосредна спогодба, поднесување на пријава за учество на јавно наддавање, водење на постапките од страна на сите надлежните органи вклучени во постапката и практични примери и случаи кои најчесто се појавуваат како постапки согласно Законот за градежно земјиште). Третиот дел од советувањето во фокус ги имаше актуелностите кои произлегуваат од Законот за постапување со бесправно изградени објекти и осврт на постапката, а последниот дел од советувањето беше посветен на Законот за градење (право на градење, надлежности на органите за издавање на одобренија за градење и начин на водење на постапката).

Исклучително квалитетни презентации на предавачите, умешно модерирање, многу прашања, одговори и корисни дискусии го обележаа ова советување, кое протече во интерактивна атмосфера и кое веруваме дека придонесе да бидат разрешени многу дилеми и нејаснотии.

Developed By: