ОДРЖАНА ОБУКА ЗА НАЧИНИТЕ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ Е-ЈАВНИ НАБАВКИ НАМЕНЕТА ЗА ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ

На 27.09.2017 год. во организација на АЦТ! ДОО Скопје поради голем интерес беше одржана уште една практична обука посветена на правилното спроведување на е-јавните набавки наменета за договорните органи.

Како и на претходните обуки од оваа област, целта на оваа обука беше учесниците да им ги презентира сите аспекти кои произлегуваат од задолжителноста во примената на е-набавки во 2017 година, при што е предвидено најмалку 50% од постапките за јавни набавки да се спроведуваат со електронски средства, односно преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). Токму затоа на оваа специјализирана и практична обука за претставниците на договорните органи ја поканивме Драгана Николоска, која им ги презентираше на учесниците техничките и нормативните аспекти на е-набавките, а со цел учесниците да добијат правилни насоки и нивна лична подготовка за спроведување на задолжителните е-набавки преку ЕСЈН.

Благодарение на многуте прашања и дискусии обуката помина во исклучително динамична и интерактивна атмосфера.

Developed By: