ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ

На 01.06.2017 год. АЦТ! ДОО Скопје одржа практично еднодневно советување на тема: „Злоупотреба на непрофитните организации за целите на перење пари и финансирање на тероризам“.

Мотивот и целта за организирање на ова советување беа запознавање на учесниците со злоупотребите на непрофитните организации од аспект на финансиските институции, како и со регулаторните и финансиски аспекти на процесот на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, презентирајќи практични насоки за правилно спроведување на регулативата која се однесува на оваа област.

Еднодневното советување беше поделено на три дела. Првиот дел во фокусот ги имаше видовите, карактеристиките и најчестите злоупотреби на непрофитните организации: перење пари и финансирање на тероризам. Вториот дел од советувањето имаше за цел на учесниците да им презентира проширени знаења за меѓународните стандарди: препораките на FATF, директивите на Европската унија и конвенциите на ООН, а третиот дел беше посветен на практични насоки за организирање на процесот на спречување на перење пари и финансирање на тероризам кај финансиските институции со акцент на стапувањето во деловен однос со непрофитните организации и следењето на деловниот однос со непрофитните организации.

Советувањето имаше претставници на финансиските институции во Република Македонија (банки, штедилници, итн.), лица вработени во секторите за спречување на перење на пари, лица од секторите за усогласување на работењето на финансиските институции со прописите (compliance), ревизори, правници, преставницина непрофитни организации, адвокати, финансиски и правни консултанти, итн.

Предавачи на ова советување беа Искра Ивановска и Гоце Трајковски од Дирекцијата за теренска супервизија, Народна банка на Република Македонија.

Developed By: