ПРАКТИЧНА ОБУКА ЗА KOРИСТЕЊЕ НА ЕСЈН и Е-НАБАВКИ ЗА ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ

На 31.05.2017 год. во хотел Квинс, АЦТ! ДОО Скопје организираше уште една обука за електронските јавни набавки наменета за економските оператори.

Оваа обука од областа на е-набавките за економските оператори има за цел да презентира практични примери за претставниците на економските оператори за нивното подготвување за учество на задолжителните електронски јавни набавки.

Како и претходно одржаните обуки и оваа обука помина во интерактивна атмосфера, многу плодотворни дискусии и размена на искуства, а во насока на обезбедување знаења и вештини кои им се неопходни на претставниците на економските оператори за учество на електронските јавни набавки преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).

На обуката предаваше м-р Марија Јованоска, експерт од областа на јавните набавки со долгогодишно искуство во развојот на е-набавките во Република Македонија.

Developed By: