СОВЕТУВАЊЕ ЗА МОЖНИТЕ НОВИНИ ВО ОБЛАСТА НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ, НАДМИНУВАЊЕ НА АКТУЕЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ И СПЕЦИФИЧНОСТИ И НОВИНИ КАЈ Е-НАБАВКИТЕ

На 09.05.2017 год. во организација на АЦТ! ДОО Скопје се одржа советување од областа на јавните набавки наменето за договорните органи и економските оператори на тема „Идни промени во регулативата за јавни набавки во насока на усогласување со директивите на ЕУ и надминување на актуелните проблеми, како и специфичности и новини кај е-набавките“.

Над 60 претставници на економските оператори и договорните органи ги проследија излагањата на м-р Александар Аргировски, директор на Бирото за јавни набавки и м-р Горан Давидовски, помошник раководител на Сектор за следење на системот за јавни набавки и управување со ЕСЈН во Биро за јавни набавки. Предавачите во првиот дел од советување се осврнаа на анализата околу потенцијалните подобрувања на Законот за јавни набавки, можните промени на регулативата за јавни набавки во насока на надминување на актуелните проблеми, како и препораките на Европската Комисија и останатите институции (ДЗР, БЈН) за интервенции во регулативата за јавни набавки. Покрај тоа, посебен интерес предизвика вториот и третиот дел од советувањето за спроведување на постапка за набавка на ИКТ услуги и софтвер како тема за која за прв пат се одржува обука со конкретни примери и практични препораки, а во последниот дел од советувањето беа презентирани важни препораки при спроведувањето на е-набавка и поднесувањето на електронска понуда.

Благодарение на предавачите, а особено и на учесниците, ова советување се одвиваше во интерактивна атмосфера со многу прашања, одговори, дискусии и споделувања на добра пракса, искуства и препораки.

Developed By: