ОДРЖАНА НОВА ПРАКТИЧНА ОБУКА ЗА Е-ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ

На 12.04.2017 год. во хотел Квинс, АЦТ! ДОО Скопје организираше уште една обука за електронските јавни набавки наменета за економските оператори.

Обуките за е-набавки ги организираме за континуирана едукација на претставниците на економските оператори и нивното подготвување за учество на задолжителните електронски јавни набавки. Како и претходно одржаните обуки и оваа обука помина во интерактивна атмосфера, многу плодотворни дискусии и размена на искуства, а во насока на обезбедување знаења и вештини кои им се неопходни на претставниците на економските оператори за учество на електронските јавни набавки преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). На обуката предаваше м-р Maрина Наумоска - Костиќ, експерт од областа на јавните набавки со долгогодишно искуство во развојот на е-набавките во Република Македонија.

Developed By: